(ВИДЕО+ФОТО) Серијата „Чернобил“ е погледана и од трите омилени серии меѓу кои е и „Игри на престолите“

„Овој неверојатен проект на ‘Sky Original’ привлекува гледачи ширум Велика Британија и пошироко заради добри причини- сценариото и продукцијата се без пропусти, а приказната е фасцинантна и крајно трагична“


Новата телевизиска серија „Чернобил“ набрзо после емитувањето станала најгледаната содржина според податоците на IMDB, престигнувајќи ги долгогодишните омилени серии на публиката како што се „Game of Thrones“, „Breaking Bad“ и „The Wire“.


Серијата на продукциската куќа „Sky Original“ во пет делови ја претставува драматизацијата на нуклеарната катастрофа од 1986-та година во Украина и нејзините последици, следејќи ја приказната на оние кои се погодени од експлозијата како и оние кои биле задолжени за операцијата.



„Чернобил“, петоделната кратка серија во копродукција на ХБО и Скај, ја драматизира приказната за нуклеарниот инцидент од 1986 г., една од најголемите катастрофи предизвикани од човек во историјата, како и за направените жртви за да се спаси Европа од незамислива катастрофа. На 26 април 1986 нуклеарниот реактор Чернобил во Украина, Советски Сојуз, претрпе масивна експлозија којашто ослободи радиоактивен материјал низ Белорусија, Русија и Украина, а досегна и до Скандинавија и Западна Европа. Џеред Харис го игра Валериј Легасов, водечки советски нуклеарен физичар. Како дел од тимот за реакција, тој беше меѓу првите што ги сфатија размерите на огромната катастрофа. Стелан Скарсгард го игра советскиот заменик-министер Борис Шчербина, кој е назначен од Кремљ да ја предводи владината комисија во Чернобил по неколку часа од несреќата. Емили Вотсон ја игра Улана Комијук, советски нуклеарен физичар. која е посветена да ја реши мистеријата околу тоа што довело до катастрофата во Чернобил.


Серијата во која главните улоги ги играат Џеред Харис, Стелан Скасгард, Емили Вотсон и Џеси Бакли, добила 5 ѕвездички уште од своето деби на „Sky Atlantic“ и „NOW Tv“ на 7-ми мај. Интересно е дека речиси два милиони луѓе ја гледале првата епизода.

За помалку од три недели „Чернобил“ го достигнал врвот на листата на IMBD секцијата за филм и телевизија.


„Овој неверојатен проект на ‘Sky Original’ привлекува гледачи ширум Велика Британија и пошироко заради добри причини- сценариото и продукцијата се без пропусти, а приказната е фасцинантна и крајно трагична“ – изјавил директорот на програмата „Sky Original“, Заи Бенет.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …