Славниот глумец Двејн Џонсон, попознат како The Rock, на Инстаграм гордо објавил фотографија со својата ќерка Симоне Александра, 17. годишна која само што го завршила средното образование.
„Многу сум горд на својата прва ќерка која заврши средно училиште без никакви проблеми и сега е подготвена за Њујорк Универзитетот“, напишал Двејн на што таа веднаш му одговорила.
„Фала ти што дојде. Те сакам“, напишала Симоне и со тоа го „истопила срцето“ на обожавателите на The Rock кои пронашле уште една интересна тема за дискусија.
„Замисли да излегуваш со ќерката на The Rock? Не би ми било сеедно“, напишал еден од неговите следбеници.
„Јас на твое место би бил внимателен. Не би се шегувал со тоа“, искоментирал друг.
Освен 17. годишната Симоне, The Rock е татко и на две девојчиња кои ги добил во бракот со музичарката лорен Хашиан.
Фото: Instagram