Новата турнеја на Стинг – „My Songs“ почнува на 28.мај со концерт во Париз
Британскиот музичар Стинг го објави својот четиринаесетти студиски албум кој воедно е втор албум со 15. веќе добро познати песни кои сега звучат нешто поразлично затоа што се преработени во нов аранжман.
Прв ваков албум Стинг објави во 2010. година со наслов „Simphonicities“.
На новиот албум има 15 обработени верзии на најпопуларните песни од целата кариера на Стинг како и од периодот кога тој бил член на бендот „Полис“.
Преку профилите на социјалните мрежи, Стинг ги опишал новите верзии на песните како преработени, но со нов модерен аранжман.
Некои песни на албумот се ремиксувани користејќи елементи од оригиналните нумери додека пак другите добиле целосно нов аранжман.
Ремиксуваната верзија на „Brand New Day“ објавена е на 31. декември. Оваа верзија за првпат во живо била изведена на „Times Square“ истиот ден. Ремиксуваната верзија на „Desert Rose“ и неодамна снимената верзија на „Demolition Man“ биле достапни за преземање од 28. март 2019. година.
Новата турнеја на Стинг – „My Songs“ почнува на 28.мај со концерт во Париз.