(ВИДЕО+ФОТО) СЕ РОДИЛА ГЛУВА, А ПО 10. МЕСЕЦИ ГИ СЛУШНАЛА РОДИТЕЛИТЕ: Првата реакција на бебето на нивниот глас расплака половина свет

Првата реакција на бебето кое за прв пат го слушна гласот на родителите по 10. месеци е многу емотивна.
Мајката на десетмесечното девојче, кое е родено со проблеми со слухот, решила на социјалните мрежи да го сподели најсреќниот момент за своето семејство. На девојчето при раѓањето и било дијагностицирано оштетување на слухот на двете уши, а на десет месеци лекарски тим и ставил кохлеарен имплант кој и помогнал да слушне.


Во тој момент таа добила можност за прв пат да го слушне гласот на своите родители, а трогателната снимка која мама ја сподели на социјалните мрежи ги разнежни сите нејзини следбеници и расплака многумина.
Во моментот кога бебето го слушнало татко и како ја вика, а мајка ѝ пее песна, веднаш ја открила својата најубава насмевка. Ова е навистина незаборавен момент, а лицата на нејзините родители покажуваат колку голема работа е ова за нив.

View this post on Instagram

A post shared by Marlee Meg Ingold (@marlee.meg_hears)


„Не знам како да го опишам ова чувство со зборови. Бевме среќни и возбудени што таа ќе не слушне, што конечно ќе добиеме некаква реакција од неа. Бевме воодушевени кога толку многу не развесели. Ова е без сомневање еден од најубавите денови во нашите животи“, рекла пресреќната мама.



Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …