(ВИДЕО+ФОТО) Прва фотографија од крвникот од Виена – грижата на мајка му му’ направила проблем!

Фејзулај Кујтим (20), терорист кој синоќа изврши напад во центарот на Виена, е познат на Австриската федерална служба за борба против тероризмот (БВТ) веќе подолго време. Во април 2019 година, тој бил осуден на 22. месеци затвор за терористичко здружување, но тој бил ослободен,како малолетник, порано – во декември 2019. година. Албанските медиуми објавиле само негова фотографија.
Според министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер, Кујтим, кој синоќа учествуваше во серија терористички напади во центарот на Виена, на 25. април минатата година е осуден на 22. месеци затвор за обид да отпатува за Сирија каде планирал да се приклучи на Исламската држава.


Кујтим, Албанец чии родители се од Северна Македонија, бил уапсен откако неговата мајка го пријавила неговото исчезнувањето, а потоа се покажало дека се обидел да патува на боиштето во Сирија. Тој бил уапсен при обид да ја премине турско-сириската граница, по што бил депортиран во земјата каде што е роден – Австрија.
Откако бил депортиран во Австрија, тој бил осуден на 22. месеци затвор, но не издржал ниту половина од казната. Австрискиот весник „Хојте“ наведува дека Кујтим бил ослободен предвреме од затвор на 5. декември минатата година, затоа што бил гонет според возраста според законската регулатива предвидена за млади престапници, која предвидува поблаги казни за таа возраст.
Во тоа време, австриските власти оцениле дека тој не е способен да изврши напад и дека повеќе не се сметал за опасен. Оваа одлука била донесена откако Кјутим поминал низ процес на дерадикализација за време на неговиот престој во затвор, за кое беше задолжено специјализираното здружение „Дерад“.


„Дружење со погрешни луѓе
Не се познати многу детали за приватниот живот на Фејзулај Кујтим. Весникот „Хојте“ објави дека живее во Медлинг, град на истокот од земјата, а според нивните информации, како тинејџер бил многу талентиран фудбалер.
Николаус Раст, адвокат кој го бранел на судењето на кое бил осуден на 22. месеци затвор, вели дека Кујтим пораснал во „сосема нормално семејство, но дека имал несреќа да се дружи со погрешни луѓе“.
Да не одел во џамија, туку на бокс, ќе станел боксер, рече Раст, додавајќи дека не ни помислувал дека може да стане атентатор.
Раст додал дека како тинејџер, Кујтим редовно одел во џамија каде се радикализирал. Како што изјавил за агенцијата АПА, тој бил „млад човек без ориентација, кој барал место во животот“.

Купувал муниција во Словачка?
„Хојте“ тврди дека Кујтим отпатувал во Словачка со свој познаник кон средината на јули да купи муниција за неговиот Калашников.
Автомобилот што го користел и припаѓал на мајката на еден од неговите контакти, инаку од Косово, кои се познавале од радикалната исламистичка сцена. За време на терористичкиот напад во Виена, Фејзулај го употребил токму тој калашников, пиштол и мачета.


Најавил напад на социјалните мрежи

Првите фотографии на Кујтим се појавија во јавноста наутро по нападот во кој уби четири лица, пред полицијата да го убие. Фотографиите доаѓаат од Инстаграм, каде терористот го објавил нападот, пишуваат австриските медиуми.

Денес австрискиот министер Нехамер потврди дека Кујтим навистина е на фотографиите. На нив позира облечен во црно со оружјето со кое се верува дека нападнал – пушка и мачета.
Сликите исто така покажуваат дека тој го напишал арапскиот збор Baqiyah, кој е дел од фразата – „Исламската држава останува и се шири“.
Според Билд, тој во понеделникот им испратил на двајца пријатели снимки од нападот на Шарли Ебдо од 2015. година, кога биле убиени 12. лица, а на Инстаграм објавил неколку слики на кои се заколнува на верност на лидерот на Исламската држава.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, …