(ВИДЕО+ФОТО) ПРОДОЛЖУВААТ ПО ИСПРОБАНИОТ РЕЦЕПТ: „Некст тајм“ ја најавија следната преработка!

Иако популарноста ја здобија со друг вид музика откако „Некст тајм“ започнаа со преработки на македонските народни песни доживее уште поголема наклонетост на публиката, а нивните „обработки“ се здобија со милионска гледаност и слушаност…
После „Ја излези Ѓурѓо“ (7,1 милион прегледи)


„Слушам кај шумат шумите“ (5,1 милион прегледи)…


и „Нешто ќе те питам бабо“ (2,1 милион прегледи) на ред дојде нова обработка…


Браќата Мартин и Стефан Филиповски, кои досега преработија три стари македонски песни, кои веднаш стекнаа милионски прегледи, го најавија новиот проект.
Станува збор за нова верзија на песната „Прошета се Јовка Кумановка“. Видеоспотот и песната ќе бидат промовирани на празникот 11 Октомври во НУЦК „Трајко Прокопиев” во Куманово.
Горди сме што со оваа обработка заедно ќе заокружиме 500 години Куманово и веруваме дека Македонија повторно ќе ужива во уште една наша обработка!!!

Очекувајте нè !!!, порачуваат „Некст тајм“.

Со гордост Ви го најавуваме нашето најново видео за песната “Прошета се Јовка Кумановка”. Промоцијата ќе се одржи на…

Gepostet von Next Time am Freitag, 4. Oktober 2019

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …