Глумицата Блејк Лавли своето трето дете го родила пред два месеци, јавуваат американските медиуми. Глумицата и нејзиниот сопруг, актерот Рајан Рејнолдс, успеале информацијата за породувањето да ја држат во потполна тајност и сеуште не е познато дали во семејството дошло момче или девојче.
Веста за бременоста Блејк со светот ја подели во почетокот на мај на премиерата на еден филм каде го покажала трудничкото стомаче.
Фановите на познатиот пар очекуваат дека Рајан и Блејк наскоро ќе го објават полот како и името на детето.
Блејк и Рајан во брак се од 2012. година и се еден од најомилените парови во Холивуд. Во бракот добиле две ќерки, до сега.
Глумицата пред неколку години во едно интервју говорела за родителството и во таа пригода кажала дека би имала и триесет деца, кога би можела.