(ВИДЕО+ФОТО) Преслатко кученце споредиле со плишано мече: Го следи скоро половина милион луѓе!


Кученцето Чои Чоу Чоудер на Инстаграм има скоро половна милион следбеници. Поради својот пресладок изглед кој потсетува на плишано мече ги заробил срцата на корисниците на интернет и станал вирален хит.

https://www.instagram.com/p/BvxdLPXFrST/?utm_source=ig_embed


Чоудер има шест години и доаѓа од Филипините. Сопственичката Бернис Лозано вели дека е многу мрзелив, но дека му простува бидејќи е сладок. Поради неговата голема муцка и округлото дебелко лице многумина го споредуваат со плишано мече.

https://www.instagram.com/p/B8GpbMFnCIs/?utm_source=ig_embed


„Навистина има карактеристики на мече. Со еден дел е така затоа што е така одгледуван, а од друга страна и поради бојата на влакното и обликот на муцката“, рекла сопственичката.
Признава дека луѓето често ја запираат кога ќе ја видат со Чоудер и дека сите имаат иста реакција.

https://www.instagram.com/p/B4ZBD3SHyjC/?utm_source=ig_embed


„Сите повторуваат дека изгледа како плишано мече. Често сакаат да го фотографираат и да снимат видео“, открила Бернис и додала дека Чоудер не е многу активно куче и дека најмногу сака да јаде и да се одмора.

https://www.instagram.com/p/B8_fI1Hn65x/?utm_source=ig_embed

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Националниот археолошки музеј со предавања и изложба го започнува одбележувањето на денот на музеите

Меѓународниот ден на музеите ќе биде одбележан со предавања што го потенцираат истражувачкиот потенцијал на …