38. годишен глумец починал од тешка болест: Дијагнозата ја криел до смртта!

Глумецот Николас Туци починал во 39. година после борба со рак. Веста на профилот на Туци ја споделил неговиот татко Александер, кој на тој начин објаснил зошто неговиот син ја криел дијагнозата.
„Ник почина во четвртокот, 3. март во болницата во Конектикат. Избра својата болест да ја задржи за себе за да може што подолго да работи на остварување на своите деловни и уметнички сништа. Минатата година успеа да оди на аудиции и снимања и да го работи она што најмногу го сакаше“, напишал таткото на глумецот.


To the friends of Nicholas Tucci: This is Alexander Tucci, Nick’s father. On Tuesday,…

Gepostet von Nick Tucci am Freitag, 6. März 2020


Во продолжение им се заблагодарил на сите кои работеле со неговиот син, но и на оние кои ја следеле неговата работа.
„На сите ви благодарам што го сакавте, подржувавте и охрабрувавте. Ви благодарам што го препознавте неговиот талент и го ценевте неговиот труд. Ви благодарам што на мојот син му дадовте подарок на пријателство“, заклучил тој.
Николас глумел во театарски претстави и напишал неколку сценарија, но најпознат бил по улогите во филмовите на Нетфликс и сериите меѓу кои се You’re Next, Most Beautiful Island, Long Lost и Channel Zero.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …