(ВИДЕО) СПАС ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ: Полицајци извлекле возач од кабината непосредно пред експлозија на камионот

Драматичната снимка е забележана во Њу Џерси.
Камерата го снимила полицискиот поручник Едвард Рајер и полицаецот Роберт Тарлетон како извлекуваат повреден човек од камион во пламен.
Полицијата во Њу Џерси ги прогласила за херои бидејќи го спасила животот на возачот кој не можел да излезе од кабината на камион уништен во несреќа. Несреќата се случила во почетокот на неделата, а возачот бил извлечен неколку моменти пред да избувна експлозијата.
Снимките од камерата на возилото на Тарлетон забележала додека полицаецот патролирал по автопатот со службено возило. Во еден момент видел камион паркиран од десната страна на патот. Приколката била во пламен а Тарлетон не можеше да види дали возачот ја напуштил кабината.
Полицаецот веднаш повикал служби за итни случаи да дојдат на местото на несреќата и брзо тргнал кон камионот што гори. Кога се приближил кон возилото, го видел неговиот колега Рајер, кој бил сведок на сообраќајна несреќа и веќе се обидувал да го спаси возачот.


„Оди, оди! Мора да одиш! Мора да одиме!“, се слушаат зборовите на Тарлетон во текот на траењето на снимката.
Службениците потоа ја отвориле вратата од камионот и ги здружиле силите за да му помогнат на возачот. Моменти подоцна, се слушнала експлозија. Тарлетон му кажал неколку зборови на повредениот човек а на набљудувачите ги советувал да се оддалечат од камионот.
„Поручникот Едвард Раер и офицерот Роберт Тарлетон вчера извлекоа маж од кабина на запален камион, само неколку секунди пред експлодирањето на возилото. Нивната брза и одлучна акција заслужува признание и претставува олицетворение на чест, должност и посветеност на професијата“, стои во објавата на Фејсбук од страна на Полициската ушрава на Њу Џерси.


Во меѓувреме бил утврден идентитетот на возачот на камион. Станувало збор за е Рон Хикман (63) од Охајо.
“Тој рече дека бил зашеметен. Вели дека ја вклучил светлаосната сигнализација за да безбедно излезе од камионот. Последното нешто што го памти е будењето покрај патот. Тој имаше среќа”, рекла ќерката на Хикман, Табита Финсген.
По несреќата, Хикман бил однесен во локална болница, каде е откриено дека нема сериозни повреди, пренесува „People“.
„Благодарам што сте херои. Нашето семејство сè уште има сопруг, татко и дедо“, им порачала Табита на полицајците од Њу Џерси.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 29.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Можно е денес да комуницирате со некој од минатото кој би можел да …