(ВИДЕО+ФОТО) ПОТРАГА ПО ВИСТИНАТА – ПРОНАЈДЕНА ПРИНЦЕЗА: Посвоена девојка го преминала патот од американските предградија до кралскиот престол!

Нејзиниот живот се превртел после еден телефонскиот повик.
Принцезата Сара Кулберсон е родена од Африканец и бела Американка во април 1976 година, и била сместена во згрижувачко семејство како дете пред да биде посвоена од Џим и Џуди Калберсон, бело семејство кое живее во Моргантаун, Западна Вирџинија.
Кулберсон – принцеза од племето Менде од Бумпе, Сиера Леоне – немала поим дека е член на африканското кралско семејство и тоа до својата 28. година, кога разговарала со пријателка која засекогаш и го променила животот. „Мојата пријателка ми рече: ‘Зошто се воздржуваш во животот?’. Кулберсон одговорила: „Преплашена сум дека ќе го пронајдам својот татко”.


View this post on Instagram

A post shared by Princess Sarah Culberson (@iamprincesssc)


Потрага по потеклото
Посвојувачкото семејство ја опкружувало со безусловна љубов, но таа имала бројни прашања за нејзиниот идентитет. На 21. година почнала да ја бара родедната мајка, но дознала дека починала од рак 10 години порано. Останал прашалникот за нејзиниот татко.
Кулберсон рекла дека го прифатила предлогот на пријателката и ангажирала приватен истражител за 25 долари, кој по три часа пронашол ветувачки индиции. Иследникот предложил Сара да испрати писмо.
„Не очекував дека ќе слушнам нешто ново“, рекла Кулберсон.


Повик што менува се’
„Добив телефонски повик четири дена подоцна“. Жената што ја повикала Сара била сестра на нејзиниот татко, која живеела во Мериленд. Кулберсон рекла дека нејзиниот вујко го зел телефонот и и’ објаснил дека нејзиниот биолошки татко е поглавар на кралското семејство од племето Менде. Тој ми рече: “Знаеш ли која си? Твојот прадедо беше најважниот поглавица. Ти си принцеза”.

Откако разговарала со нејзиниот вујко, Сара рекла дека телефонски разговарала со нејзиниот татко, Јосиф Коња Кпосов.
„Првото нешто што го рече беше: ‘Те молам прости ми. Не знаев како да те најдам откако си посвоена'”, рекла Кулберсон. Шест месеци подоцна отпатувала за Бумпе и била поздравена од стотици луѓе на прославата, за враќањето дома, што траела неколку дена.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …