(ВИДЕО+ФОТО) ПО НАТПРЕВАРОТ – Францускиот претседател Макрон влегол во соблекувалната на Мароко и направил потег за паметење

Претседателот на Франција Емануел Макрон направи одличен гест по натпреварот меѓу Франција и Мароко (2:0), кога по триумфот на триколорите влезе во соблекувалната на африканската репрезентација и му честиташе на Софијан Амбрабат за одличната игра.
Во таа прилика, Макрон го пофали играчот од средниот ред на Фиорентина пред сите марокански играчи и му порача дека тој е најдобриот играч за врска на целото првенство, што несомнено е голема чест за овој играч и одличен потег на првиот човек на Франција, кој потврди дека спортот ги надминува сите граници и ги зближува луѓето.


Исто така, Макрон им се придружил и на француските фудбалери во соблекувалната кои срдечно го пречекале и заедно го прославиле пласманот во финалето.


Фото: Принтскрин/ YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …