(ВИДЕО+ФОТО) Отворено со Елена Стефановска: „Два дена пред свадбата моравме да најдеме нова локација!“

За идеалната венчаница што ја нашла во Солун, а не во Милано, колку ѝ било стресно за два дена да организира нова свадба, за романтичното барање на раката во Москва за Нова година, но и блискоста со сестра ѝ, која живее во Хрватска, и времето кога работеше како радиоводител….

Водителката Елена Стефановска, по речиси четири години врска, се омажи за Бојан Најдоски. Иако си го смени презимето, вели дека и понатаму останува Елена живот со стил, по емисијата што ја прави веќе единаесет години и по која е препознатлива.


This image has an empty alt attribute; its file name is elena-stefanovska-1.jpg

Од свадбата на Елена и Бојан поминаа две недели. Во пет до дванаесет морале да ја сменат локацијата на венчавката, но Елена признава дека и покрај целиот стрес претходно, ништо не би менувала и дека тоа ѝ е најубавиот ден во животот.


„Неколку дена пред свадбата сфативме дека ќе врне и дека нема да може да се венчаме на отворено. За 48 часа најдовме нова локација. И моравме да откажеме сè, да смениме декорации и да најдеме нова идеја како ќе изгледа ентериерот. Наместо ѕвездено небо и прв танц на свеќи под ѕвездите, имавме прскалки и облаци од пареа, ама беше романтично, во стилот на Италија, како што си замислувавме. Ама ако сега ме прашаш дали би правела свадба на отворено и би сменила нешто, ќе ти кажам не, вака беше совршено”, вели Елена за „Репортер”.

This image has an empty alt attribute; its file name is elena-stefanovska-3.jpg


Додека разговаравме во семејниот дом, Елена ни ја раскажа љубовната приказна со Бојан. Се запознале преку заедничка пријателка во италијански ресторан во Скопје. Тој не сака да се појавува во јавноста, но се гордее со Елена и нејзините успеси. Бидејќи и двајцата се романтичари, кои сакаат да патуваат, а ја обожаваат Италија, решиле првиот свадбен танц да им биде на песната Love in Portofino од Андреа Бочели. На свадбата им пееше и српскиот пејач Никола Роквиќ, кој сними видеопорака за „Репортер” и раскажа за познанството со водителката и нејзиниот сопруг.

This image has an empty alt attribute; its file name is elena-stefanovska-nevesta.jpg

Со Елена зборувавме и за стилот, ритуалите за убавина и колку ја плаши стареењето, а и како се снаоѓа во кујната, но и за тоа колку се разликува приватно од она што го гледа јавноста на „Инстаграм” и дали во текот на годините ѝ ставале сопки во кариерата.

This image has an empty alt attribute; its file name is elena-stefanovska-5.jpg

„Повеќе од 15 години работам напорно да стигнам до овде кај што сум денес. Никој ништо не ми дал на тацна. Поради кариерата, сум пропуштила многу родендени, свадби на пријателите. Сега е време да се смирам и да уживам”, искрена е таа.
За идеалната венчаница што ја нашла во Солун, а не во Милано, колку ѝ било стресно за два дена да организира нова свадба, за романтичното барање на раката во Москва за Нова година, но и блискоста со сестра ѝ, која живее во Хрватска, и времето кога работеше како радиоводител…. гледајте го интервјуто.

Фото: Принтскрин/YouTube/reporter.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …