(ВИДЕО) Мајка е нападната затоа што го подложила 6-месечниот син на ласерско лекување: „Тоа е за негово добро!“

Мајка на две деца, Брук била принудена да ја брани својата одлука да се подложи на ласерски третман за нејзиното 6-месечно дете, откако ја споделила својата приказна со корисниците на TikTok.
Имено, Брук открила дека на нејзиниот помлад син Кингсли му бил дијагностициран Стурџ-Вебер синдром, невролошко пореметување кое предизвикало глауком во окото, како и многу изразен црвен осип по дел од лицето.
Кога проговорила за нејзината одлука Кингсли да се подложи на ласерски третман за отстранување на родениот белег, таа била наречена „сурова“ и „насилник на деца“. Многумина ја критикувале дека не сака да чека Кингсли да порасне за да таа одлука ја донесе сам.

@brookecyn Reply to @abbietiktok1234 #greenscreensticker ♬ original sound – Brooke


Таа ја објаснила својата одлука
Брук открила дека ги следела советите на лекарската фела. „Не е како да се разбудив еден ден и решив: ‘Еј, ќе се ослободам од неговата бенка, не мислам дека е сладок%. Мислам дека тој е најубавото момче на целиот свет. Нема сомнеж за тоа“, објаснува таа во нејзиното видео на TikTok.
„Навистина не ми е гајле дали има бенка на лицето или не. Да не знаев што може да се случи од таа бенка, би ја оставила. Го сметам за убав без разлика на се, ме лути тоа што луѓето мислат дека ова е само за козметички цели“.
Брук рекла дека е неверојатно тешко да се види нејзиниот син како поминува низ целиот процес. Таа го документирала вториот ласерски третман на Кингсли во кој таа истрчала плачејќи за време на двоминутната процедура, додека таткото на Кингсли останал со него.

Таа вели дека оваа појава на лицето може да биде опасна за малото момче
Таа објаснила дека таквата бенка може да се влоши со текот на времето ако не се отстрани и може да предизвика тежок глауком, па дури и слепило.
„Ваквиот изглед на кожата не избледува. Со текот на времето, таа потемнува, може да напредува и да стане нерамна и да предизвика повеќе здравствени проблеми. Колку се помлади, толку подобро е да се започне со ласерот додека изгледот на кожата е се уште свеж”, рекла. „Ќе му требаат повеќе третмани во иднина ако не започнеме со тоа на време“, додала таа.
Пофалувајќи го храброто шестмесечно момче, Брук рекла дека сака да ја искористи својата платформа за да ја подигне свеста за таквите состојби на кожата и нивните опасности. „Помина низ многу повеќе отколку што би требало да помине секое дете, но сепак се насмевнува низ сето тоа и ја освојува секоја пресвртница што ми рекоа дека нема да ја помине“, рекла таа во емотивното видео.


Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски Неговиот татко Дометиј, брат на римскиот цар Пров, побегна од …