(ВИДЕО+ФОТО) Нов сингл на младиот и талентиран рапер Мартин Каранаков алијас М!: “Има назад” не носи НАПРЕД!.

Новиот сингл на младиот и талентиран рапер Мартин Каранаков алијас М!, е насловен “Има назад”.
Текстот за оваа песна го напиша самиот М!, а музиката, аранжманот и продукцијата ги изработи Александар Масевски.

Инаку М! е средношколец од гимназијата Орце Николов од Скопје, игра кошарка за Работнички и тукушто стана полнолетен.
Слуша хип-хоп од кога знае за себе, а омилен стил му е дефинитивно Boom Bap-от и артистите како Joey Bada$$, Nas, Biggie, Mobb Deep и 50 Cent.



Пишува текстови, редовно, и во блиска иднина ќе има уште нови музички остварувања.

“Има назад” доби и интересно lyric видео во режија на Мартин Чичовски.


Инаку ова е рап песна со рефрен кој се пее и не е како оној рап со вулгарни текстови, ниту пак момчето претендира да оддава слика дека доаѓа од сиромаштија и гето… напротив, баш урбан момак од многу образовано семејство.


Фото: Приватна архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …