(ВИДЕО+ФОТО) „НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА“: Тапанар од Велес, член на „Ла Манш“ кој соработувал со Бајага и Чола сега РАСТУРИ на сцената на Гранд

Горан Мишев има 54. години и потекнува од Велес. Бил седмо одделение во основно училиште, кога во 1982 година го освоил третото место во кајак на Вардар во брзи води.
Кога започнал средно училиште, кое го посетувал во Охрид, тогаш почнал да се занимава со музика. Се вратил во родниот град, морал да го отслужи воениот рок во Нови Сад, свирел на тапани во воениот клуб. По враќањето од војска продолжил со музика во бендот „Океан Пацифик“ каде останал една година.
Самиот Горан решил да основа свој бенд наречен „Ла Манш“.

This image has an empty alt attribute; its file name is goran-misev-vo-nikad-nije-kasno-1.jpg


– Знаете како е, кога ќе се качиш на врв и наеднаш ќе паднеш. Кога свиревме го придружувавме Здравко Чолиќ, соработувавме и со Бајага. Во 1993 година се одржа Мис на Македонија, свиреа мојот бенд, Бајага и „Регина“… И после такви уметници со кои работев, свирењето во некои кафеани, не ме исполни. Многу ми е важно што добро звучам со оркестарот. Ме исполнува – искрен е Горан.

This image has an empty alt attribute; its file name is gpran-misev-ziri-jpg.jpg


Мишев коментираше дека многу работи би променил, со некои сегменти од животот е задоволен, а со други не. И што најмногу му пречи?
-Немам среќа со жените, секогаш кога правам лош избор, ги отфрлав оние кои вредеа, а останував со оние кои не беа.

This image has an empty alt attribute; its file name is goran-misev-pridruzba-jpg.jpg


Инаку, Горан на големата сцена откри дека никој освен неговиот син и еден пријател не знаеле дека се пријавил за шоуто и дека тоа ќе биде големо изненадување за сите.
– Морав да лажам дека одам во Софија да извадам бугарски пасош – се насмеа натпреварувачот на студискиот изговор што им го дал на сите кога пристигнал на снимањето во Белград.

За своето прво претставување, овој заколнат рокер со магичен глас ја испеа песната „Заборави, ако можеш“ од Бијело дугме.

По пеењето на песната Драгана му се заблагодари за прекрасниот избор, а Тончи Хуљиќ му кажа дека малку ги искомплицирал работите.

This image has an empty alt attribute; its file name is tonci-huljic-jpg.jpg

-Кога ќе слушнете дека човек е од Македонија, тогаш знаете дека оди понатаму. Навистина не сум сретнал Македонец што не знае да пее, а со многумина сум соработувал – изјави музичарот, додека Тијана на македонски рече дека е совршен.
Настапот на Горан Мишев започнува во 50. минута.

Фото и Извор: Nikad nije kasno

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата позната фолк пејачка Благица Павловска

Благица Павловска е родена на 4 декември 1958 година во Скопје. Таа е позната македонска …