(ВИДЕО+ФОТО) НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА – НЕВИН ПОМИНАЛ 28 ГОДИНИ ВО ЗАТВОР, А ПОТОА СЛЕДИ ФИЛМСКИ ПРЕСВРТ: Единствено таа му дала СИЛА, а нивната приказна е за Холивуд

Ламар Џонсон поминал 28 години во затвор поради злосторство што не го направил. Сепак, тој имал другарка со која се допишувал, Џини Шрапен, која му ја дала силата што му била потребна во тоа време.

Да имаш некој што верува во тебе и покрај се, значи многу за една личност. За Ламар Џонсон, другарката со коај се допишувал по име Џини Шрапен била трошка надеж бидејќи поминал 28 години во затвор за злосторство што не го направил.



„Се чувствував како тежината од 28 години полека да се крева“, изјавил Џонсон, кој сега има 49 години, за „The Washington Post” откако судијата во Мисури ја поништиле неговата пресуда за убиство од прв степен. Писмата на Шрапен, околу 25 години, го спречувале да ја изгуби надежта.

Приказната за нивното пријателство започна пред четврт век, кога свештеникот во црквата ѝ го проследил писмото напишано од затвореник кој се обратил до епархијата со надеж дека ќе добие одговор. Затвореникот бил Ламар Џонсон, кој тогаш отслужувал доживотна затворска казна во затвор во Мисури. Таа за CBS News изјавила: „Тој беше во затвор за убиство. Порано мене ме обвинуваа дека сум наивна, и тоа е во ред. Не бев загрижена“.


Шрапен и Џонсон континуирано се допишувале во следните две децении. Според неа, од самиот почеток знаела дека Џонсон е невин за обвинението за убиство. Потврдувајќи ја нејзината интуиција, државата Мисури го прогласила Џонсон за невин по интервенцијата на Midwest Innocence Project и признанието на вистинскиот убиец. Џонсон беше ослободен и пуштенен од затвор.

Откако излегол од затвор на 50-годишна возраст, Џонсон конечно имал можност да ги прави работите што копнеел да ги прави додека бил во затвор. Тој отишол да посети својот пријател. Бил многу топло пречекан. Според Џонсон, највредното нешто што му го дал неговиот пријател е вербата во себе.
Тој рекол: „Особено кога некој е невин, сакате некој да верува во вас. Затоа што кога имате луѓе кои веруваат во вас и нема да се откажат од вас, тогаш ви е потешко да се откажете од себе“.

Извор: Net.hr

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …