Не ја потиснувајте вашата тага: Пет причини зошто е добро да се исплачете

Солзите не се знак на слабост, напротив
1. Солзите ги чистат очите
Солзите делуваат како природен антибиотик и можат да убијат до 95 проценти од штетните бактерии во очите за само пет минути.

2. Солзите го подобруваат видот
Мембраната на окото може да биде дехидрирана, што предизвикува проблеми со видот, а сликата што ја гледаме е едноставно заматена. Кога плачеме, солзите ја обезбедуваат влажноста на мембраната и на тој начин го олеснуваат и подобруваат видот


3. Солзите ги елиминираат токсините
Во текот на 1980-тите, др. Вилијам Феј, истражувач во медицинскиот центар Ремзи во Минеаполис, открил дека солзите, во зависност од причината, имаат различен хемиски состав. Така, рефлексните солзи (предизвикани, на пример, со сечење кромид) се состојат од 98 проценти вода, додека емотивните солзи се полни со хормонот на стресот – пролактин.

This image has an empty alt attribute; its file name is horoskop-solzi.jpg


4. Солзите нудат утеха
Интересно е како плачењето е придружено со зголемена активност на одреден дел од нервниот систем, чија задача е да го смири телото по стресен настан и да ги забави отчукувањата на срцето.

5. Солзите нудат емоционално ослободување и поврзување со другите
„Пресметката“ со емоции преку плачење ни помага и полесно да продолжиме со животот. Плачењето ги буди нашите заштитни инстинкти и делува како повик за помош.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Џез концерт на Гоце Стевковски Квинтет

На 6 декември 2023 година, со почеток од 19.00 часот, во ЈОУДК “Бранд Петрушев” во …