РОБЕРТ ДЕ НИРО ДОБИЛ СЕДМО ДЕТЕ: Актерот на прагот на 9. ДЕЦЕНИЈА повторно станал татко, а еве како ја објавил ДОБРАТА ВЕСТ

Холивудската легенда, повеќекратно наградуваниот актер Роберт де Ниро на прагот на деветтата деценија го доби своето седмо дете, а мајката се уште не е позната.
Холивудскиот актер Роберт де Ниро на 79-годишна возраст стана татко на своето седмо дете, пренесува „Page Six“.

This image has an empty alt attribute; its file name is robert-de-niro-sedmi-pat-tatko.jpg


Портпаролот на познатиот холивудски актер не го открил името и полот на детето. Начинот на кој се дознало дека добитникот на бројни награди добил дете е тоа што во интервју ја коригирал новинарката, а кога таа констатирала дека е татко на шест деца, тој ја корегирал и рекол дека „штотуку добил дете“.
Де Ниро, во таа прилика, не го открил идентитетот на мајката на малечкото – иако неговата девојка Тифани Чен минатиот месец се шетала со труднички стомак. Оскаровецот првпат беше поврзан со инструкторката за боречки вештини од Њујорк во 2021 година, а дуото заедно го прослави неговиот 78-ми роденден во Франција. Тој стана татко за прв пат во 1971 година кога тој и Дијана Абот ја добија ќерката Дрена, која сега има 51 година.

This image has an empty alt attribute; its file name is robert-de-niro-so-soprugata.jpg


Тие се родители и на синот Рафаел. Покрај тоа, Де Ниро ги има синовите близнаци Арон и Џулијан со Туки Смит, како и синот Елиот и ќерката Хелен со поранешната сопруга Грејс Хајтауер. Тој и Хајтауер се разведоа во 2018 година по повеќе од две децении брак.

Извор: Page Six


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на студентите на Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денес во Аудиокултура

Денес во Аудиокултура со почеток во 12:30 часот ќе може да го проследите концертот на …