(ФОТО) Тешката загуба на Анџелина Џоли и го дефинирала животот: Се сетила на својата покојна мајка и испратила важна порака

Анџелина Џоли се присетила на својата покојна мајка Маршелин Бертранд во емотивна објава на Инстаграм. Оскаровката сподели стара фотографија на која може да се види како позира со нејзината мајка, која почина во 2007 година, кога таа беше мало девојче во бел фустан и со капа на главата.
– Утре ќе и беше 73 роденден на мајка ми. Таа почина пред 15 години, по долга борба со ракот на дојката и јајниците. Во јуни ме дели еден месец од возраста кога и беше дијагностициран ракот. Имав превентивни операции за да ги намалам шансите, но сепак одам на прегледи, опишала таа и продолжила:

„Мајка ми го сакаше Хендрикс. И таа секогаш ги потпишуваше своите писма со Kiss the Sky. Откако таа почина, тоа доби ново значење. Испраќам љубов до оние кои исто така изгубија блиски и сила до оние кои се борат за своите животи и животите на оние што ги сакаат во моментов“.
47-годишната актерка испрати порака и до другите жени да одвојат време да се грижат за себе и да направат мамографи и тестови на крвта или ултразвук, особено ако имаат семејна историја на рак.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …