(ВИДЕО+ФОТО) Не го издржал притисокот: Популарната ТВ ѕвезда на специјална психо терапија!

Извор за странските медиуми, кој бил добро упатен во целата ситуација, вели дека тој е на конгитивно-бихевиорална терапија, облик на психотерапија која го нагласува влијанието на мислењето на тоа како се чувствуваме и како се однесуваме.
Ѕвездата на “Game of Thrones”, Кит Харингтон, се наоѓа на рехабилитација откако беше емитувана последната епизода од хит-серијалот на „HBO” во кој тој го толкуваше ликот на Џон Сноу.


“Кит одлучи да ја искористи паузата во својот работен распоред како прилика да се повлече на одредено време и да поработи на решавање на некои лични проблеми”, стои во соопштението.
Благодарение на „Game of Thrones” во која го играше Сноу чии потези во последната епизода беа најголемо изненадување за целата серија, целосниот анонимус Харингтон стана планетарно познат.
Додека во соопштението не се наведуваат причините за неговата криза, „The New York Post” објави дека актерот тешко го погодило завршувањето на работата на серијата и дека се наоѓа на рехабилитација поради стрес, исцрпеност и проблеми со алкохолот.
Во интервју за “Variety” во март оваа година, актерот изјави дека во почетокот тешко се справувал со славата и „застрашувачкото” внимание кое му го донела серијата.



“Кога станувате главен во ТВ серијата, која тогаш е на самиот врв, а фокусот е на вас, тоа е застрашувачки”, истакнал Кит и додал дека морал да се чувствува како најсреќната личност на светот иако во реалноста се чувствувал многу ранливо.

Последната епизода од “Game of Thrones” беше емитувана 19-ти мај и само во САД привлече рекордни 19,3 милиони гледачи.
Според пишувањето на „Daily Mail“, во јавноста се појавила снимка на која се гледа како глумецот во пијана состојба доаѓа во еден бар и се обидува да се вклучи во играта, но не успеал во тоа.
Сопственикот на барот раскажал дека Кит дошол од друг бар, во кој очигледно му наточиле премногу пијалок, како и дека нарачал виски за себе но и за сите присутни во барот, и дека бил фино момче. Меѓутоа, кога виделе како му е персоналот го замолило да се замине од барот, а во тоа двајца и му помогнале.


Да потсетиме, деновиве сите светски медиуми ја пренесоа вреста дека Кит Харингтон е на рехабилитација и тоа веднаш по завршувањето на снимањето на последната епизода од осмата сезона на „Игри на престолите“. Извор за странските медиуми, кој бил добро упатен во целата ситуација, вели дека тој е на конгитивно-бихевиорална терапија, облик на психотерапија која го нагласува влијанието на мислењето на тоа како се чувствуваме и како се однесуваме.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …