(ВИДЕО+ФОТО) На седум години и ги ампутирале рацете и нозете, а денес нејзините совети за шминка ги фалат ширум светот

Британката Изабел Вел (18) вели дека сфатила дека нема смисла да го троши животот на тага или несигурност поради нешто што не може да го промени. Научила и дека може да прави што сака, иако како мала останала без раце и нозе.

View this post on Instagram

A post shared by Isabelle Weall (@itz.izz)


Животот на Изабела драматично се промени откако лекарите ѝ дијагностицираа менингитис во 2010. година. Имала седум години и се борела за живот. Дека нешто не е во ред, забележале наставниците во училиштето, па ја испратиле дома. Потоа го изгубила апетитот, се чувствувала полошо и често паѓала во несвест.
Кога отишла во болница, единственото нешто што можеле да иго кажат лекарите било дека морале да и ги ампутираат рацете речиси до лактите и и нозете до колената за да и го спасат животот. Откако закрепнала, почна да се прилагодува на поинаков начин на живот кој е полн со ограничувања. Меѓутоа, со тек на времето, таа полека научила со насмевка да ги користи сите можности што ги има.


View this post on Instagram

A post shared by Isabelle Weall (@itz.izz)


Оваа тинејџерка од Велика Британија, која за неколку месеци ќе наполни 19. години, денес е толку добра во шминкањето што и претстои блескава кариера, која веќе има нагорна патека. Нејзините совети за убавина на својот Инстаграм ги споделува дури и Худа Катан, позната американска шминкерка и сопственичка на козметичката линија Hida Beauty, која на таа социјална мрежа ја следат речиси 50. милиони луѓе.
Импресивната вештина на шминкање на Изабел ја направила сензација на социјалните мрежи. Повеќе од 400.000 луѓе ја следат на Инстаграм и малку повеќе на ТикТок. Колку е добра покажала и едно нејзино видео кое собрало неверојатни 19. милиони прегледи и околу милион коментари. Во него таа покажала како се комбинира бронзена сенка и молив за очи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …