(ВИДЕОФОТО) На Дискавери во недела:„Каде се милионите на Пабло Ескобар“?

Потрагата за скриените пари на Пабло Ескобар на Дискавери
Наркос, но овој пат со вистински агенти и соработници на Пабло Ескобар, „кралот на кокаинот” и еден од најбараните и најбогати криминалци во историјата ве очекува во недела на Дискавери во 22. часот.
На врвот на својата моќ, во осумдесеттите години, Ескобар заработуваше дури 400. милиони долари неделно. Оваа импозантна количина на пари бараше и посебна креативност во трошењето, а кога идеите ги снема, богатството од пари започнал да го закопува на внимателно избрани локации низ цела Колумбија.
Дискавери каналот доби ексклузивен пристап и благодарение на поддршката од владата на Колумбија, покрената е уникатна експедиција за целите на серијата „Во потрага на милионите на Ескобар”.
Точната количина на пари се’ уште не е позната во подземните скривалишта. Се верува дека еден ден е откопан и земен од страна на најблиските соработници на Ескобар, непосредно по неговата смрт. Сепак сите, вклучувајќи ги тука и американските агенти, се согласуваат дека има уште многу пари кои не се пронајдени. Професионална истрага никогаш не е покрената, како ни адекватно пребарување на теренот…се’ до сега!


Во потрагата учествуваа професионални трагачи по богатство, поранешните соработници на Ескобар и американските агенти од ДЕА (Drug Enforcement Administration). Овој тим ќе патува ширум Колумбија и ќе ги бара трагите на кокаинското царство во градовите и селата. Заради опсегот на експедицијата и потенцијалните сигурносни проблеми, во секој момент експедицијата ќе ја штитат приватни професионалци и единици на колумбиската војска.
Како изгледа потрагата по богатство од епски размери, колку лични влогови се во игра, какви сеќавања и искустваа имаат оние кои се бореле во нарко војната, гледајте во новиот серијал на Дискавери секоја недела во 22. часот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …