(ВИДЕО+ФОТО) Ексклузивно за „Екран“ од „Јуниор Евровизија“: Како Мина и тимот се подготвуваат за финалето – да помогнеме во пласманот со нашите гласови на интернет!

Нова Евровизија и нови желби и надежи за подобар пласман, како на претставниците од нашата земја така и на сите љубители на музиката во Македонија. Но, оваа година измените во системот на гласање на Јуниор Евровизијата можат да ни помогнат и во подобриот пласман на македонскиот претставник – Нина Блажев со „Dancing through life”. Доволно е секој од нас да одвои неколку минути и ,бесплатно, својот глас да го даде за нашиот претставник. Нема скапи СМС пораки туку едноставен и бесплатен интернет клик.Но, за тоа подолу…
Имавме можност да го следиме отворањето на „Јуниор Евровизија“ па тоа беше причина и за неколку прашања за Александар Масевски, авторот на композицијта „Dancing through life”…
– Инаку не сме сосема сами. Мајка и на Мина е со нас. Тука се и Мери Попова и Раде Спасовски од МТВ. Но, на црвениот тепих смеевме само ние двајцата.
Како стојат работите, каква е ситуацијата, твое претчувство. Мина делува добро на сцена, барем на првата проба…
– Ние сме сигурни дека имаме одличен проект. Тоа е потврдено дури и од многуте позитивни коментари под официјалното видео на „Dancing through life” на YouTube. За самиот настап имам одлично претчувство и скоро со сигурност можам да кажам дека ќе биде одличен. Соработката во македонскиот тим тече лесно и со взаемно разбирање.Од тој аспект се’ оди како подмачкано. Секако, желбата е да се пласираме што подобро. Но, дали тоа што е на YouTube како коментар, но и според многуте на „JESC 2017 MY TOP” видеа каде песната ни се наоѓа меѓу фаворитите ќе се рефлектира и на пласманот останува да видиме.
JESC, како и ESC, е непредвидлив евент и неблагодарно е да се предвидува или очекува било што во врска со пласманот. Не очекуваме ништо освен добар настап. Мина делува супер на сцената…беше сигуена и на втората проба, денеска беше уште подобра, а настапот изгледаше одлично.
Инаку да се биде на Јуниорската Евровизија е пријатно чувство. А, како би можел да се чувствува човек кога е окружен со талентиран млади артисти и добри песни…ни рече Александар Масевски, авторот на песната со која Мина ќе се натпреварува.
Погледнете го видеото од втората проба на Мина Блажев:


ГЛАСАЊЕ
Годинава има и’ измени во гласањето, па публиката ќе има можност да започне да гласа од 24. ноември (петок) во 18. часот, притоа секој може да даде глас за 3, 4 или 5 земји, вклучувајќи ја и својата, но само еднаш.
Инструкциите за гласање се на овој линк:


Гласањето се одвива на официјалната веб-страница на фестивалот и ќе заврши на 26. ноември непосредно пред почетокот на фестивалот, а во рамките на самата манифестација ќе биде повторно отворено во период од 15. минути. Резултатите од публиката ќе сочинуваат 50. проценти од крајниот резултат, а останатата половина ќе ја одредат стручните жирија од сите земји учеснички. Сето тоа претворено во поени ќе го одреди победникот за годинава.

Својот глас можете да го дадете на следниот линк (после 18. часот но се до 16.00 во недела на 26. ноември: https://junioreurovision.tv/voting


15. издание на детската „Евровизија“ ќе биде пренесувано во живо на првиот канал на МРТ, во недела, 26. ноември, со почеток од 16.00 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …