Зорица Заева на модната писта за децата со ретки болести

Сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица, в недела ќе биде дел од модната ревија во Струмица во клубот „Индустријал“. Појавувањето на Заева на модната писта е во знак на поддршка на лицата со ретки болести, настан што секој декември го организира здружението „Вера“. Модната ревија ќе започне во 16. часот и годинава е под мотото „Убави сме, свои сме“.
Моделите ќе носат облека од бутиците во Струмица, а музика ќе пушта диџеј Цако, односно Александар Матковски. Влезот е 50 денари, а собраните средства се наменети за здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром, „Вера“ од Струмица“.
„Нашите прекрасни модели, облечени во гардероба од струмичките бутици, ќе се прошетаат на модната писта и ќе ве шармираат придружувани од познати личности. Дружењето ќе заврши со сет од диџеј Јас сум Цако, кој веќе неколкупати имавме чест да не разигра. Влезот е 50. денари, а собраните средства се наменети за здружението за помош и поддршка на лица со Даун Синдром, Вера од Струмица“ велат од здружението, додавајќи дека им е чест што и сопругата на премиерот прифатила да биде дел од настанот.
„Од се’ срце прифатив да чекорам по модната писта заедно со децата со цел да се подигне јавната свест за лицата со ретки состојби. Сите ние мора да се вклучиме во интеграцијата на овие лица во општеството и да се бориме за нивно прифаќање. Моја поддршка за сите нив и апел за прифаќање на различностите“, изјавила Заева за „Фокус“.
Родители на децата кои ќе бидат дел од ,,Убави сме, свои сме’’ велат дека децата со нетрпение го очекуваат настанот и се радуваат на веселата дружба, но и на можноста да се чувствуваат како вистински модели на пистата, испраќајќи ја пораката дека секој е убав на свој начин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Прес конференција на Струшки вечери на поезијата

На 27 март 2025 година, Струшките вечери на поезијата ќе го одбележат почетокот на својот …