(ВИДЕО+ФОТО) КРАЛИЦАТА ГО БРАНИ СИНОТ И ПОКРАЈ ВИДЕОТО – ПРИНЦОТ ЕНДРЈУ ФАТЕН НА ДЕЛО ВО ВИЛАТА НА МИЛИЈАРДЕРОТ НА МЕНХЕТЕН: Од палатата демантираат дека бил интимен со малолетничката, а сега се појавила снимка која го компромитира!

Веќе неколку недели, не престануваат да се појавуваат нови детали во врска со скандалот со милијардерот Џефри Епстаин. Тој неодамна се обеси во затвор додека чекаше обвинение за сексуална трговија со малолетни лица.Според светските медиуми, во аферата биле вклучени многу звучни имиња, како и еден член на британското кралско семејство, принцот Ендру, син на кралицата Елизабета Втора.


Една од жртвите, Вирџинија Робертс, објавила дека имала секс со принцот во времето кога била малолетна. Дури и нивната заедничка фотографија од тоа време се појави во јавност.


Од самоубиството на Епстајн минатата недела, Бакингемската палата повторно негираше дека принцот бил вклучен во скандалот на кој било начин.
„Секоја сугестија за непримереност со малолетни лица е категорично невистинита. Таа експлицитно негира дека Војводата од Јорк имал сексуален контакт или врска со Вирџинија Робертс“.
Daily Mail сега објави ексклузивни снимки и фотографии кои дополнително го компромитираат британскиот принц.


Поточно, тој е снимен како гледа низ дрвената врата од една вила на Менхетен додека се збогува со младата бринета, која ја напуштила вилата вредна 69 милиони евра.

Видеото исто така го прикажува како по поздравувањето принц Ендрју проверува некој да не го видел. Според „Дејли меил“, оваа снимка докажува дека Војводата од Јорк го посетил домот на осудениот педофил Џефри Епстајн.

Снимките на војводата од Јорк, тогашен специјален претставник на Велика Британија за меѓународна трговија, била направена помалку од еден час откако Епстајн ја напуштил истата вила во друштво на млада русокоса.Видеото е снимено на 6 декември 2010 година, кога принцот бил во посета на вилата на Епштајн, која многу жртви го нарекле „куќа на ужасот“.
Епштајн, кој се самоуби во затвор минатиот викенд, беше осуден во 2008 година за секс со дете и бил во регистарот на сексуални престапници.

Екран.мк/Daily Mail

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …