Првата дама на САД можеби не е позната по своето политичко влијание, но секако е позната по модното – парчињата што Меланија ги носи брзо стануваат барани. Сега таа се појави во јакна што е идеална за есенската сезона.
Меланија Трамп беше во посета на Манчестер, град во јужниот дел на Њу Хепшир, каде ја посети пожарникарската станица. По тој повод, таа имаше средба и со мајка зависна од опијати и со нејзината 18-месечна ќерка.
Како и секогаш, јавноста внимателно ја гледаше облеката на Меланија. Додека првата дама во вакви прилики често носеше елегантен фустан, по низата модни неуспеси, овој пат внимателно размисли за стајлингот.
Меланија носеше кафеава четкана кожена јакна што се врзува на половината, а станува збор за креација со потпис на помалку познатата марка Ели Тахари. Кожните јакни на врзување кои го истакнуваат струкот ќе бидат голем тренд оваа есен, како и парчињата кожа воопшто. Овој материјал дефинитивно ќе ја одбележи сезоната есен/зима 2020. година.
Оваа совршена есенска јакна ја искомбинирала со беж панталони и кафеави потпетици, носејќи ги така сите тонови што вообичаено сакаме да ги носиме кога лисјата ќе почнат да паѓаат. Не носела накит, што е вообичаено за неа, а косата и била стандардно исфенирана во бујни кадрици.
Меланија Трамп е активна во политичката кампања на нејзиниот сопруг, пред претседателските избори во ноември. Нејзината самостојна посета на Манчестер вклучуваше разговор со шефот на противпожарната станица Даниел Гунан, кој им помага на зависниците давајќи им работа, а потоа разговарала со мајка која ја води истата борба.
Првата дама, која има балкански корени, честопати е критикувана за несоодветни облеки, како што била сега веќе познатата јакна со натпис „Навистина не ми е гајле, а тебе?“, која ја носеше во јули 2018. година за време на посетата на Центарот за деца мигранти на границата со Мексико, или вртоглавите потпетици во кои шеташе по разурнатите улици во Тексас по ураганот Харви.