Тоа ќе биде втор филм во режија на Бредли Купер по дебито на „A Star Is Born“ и секако, се очекува со голема нетрпеливост.
Филмот „Маестро“ е посветен на познатиот композитор по име Леонард Бернштајн, кого, се разбира, ќе го игра самиот Купер.
Сопругата на Леонард, Фелисија Монтеалегра, ќе ја игра Кери Мулиган.
Новата продукција нема да биде само фактички биографски филм, бидејќи заплетот ќе трае 30. години, обидувајќи се да ни ја раскаже приказната за сложената врска меѓу Леонард и неговата сопруга, чилеанска актерка, од моментот кога се запознале на забава во 1946. година, 25. години брак во кој имале три деца – Џејми, Александра и Нина Бернштајн Симонс.