Кралското семејство се собрало во Вестминстерската опатија во Лондон на божиќна служба, а по тој повод испратиле јасна порака до принцот Хари и Меган Маркл.
Додека светската јавност брмчи за документарната серија „Хари и Меган“, во која војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл зборуваат за причините за напуштањето на кралското семејство, кралот Чарлс Трети, принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон, накусо, ја игнорираат целата ситуација.
View this post on Instagram
Тие одбиваат да ги коментираат тврдењата изнесени во оваа серија, во која принцот Хари и Меган Маркл рекоа дека палатата ги хранела медиумите со негативни приказни за Меган, дека семејството не ги штитело од јавноста, расизмот, папараците и друго.
Сепак, иако не зборуваат за Сасекси, кралското семејство со мали гестови им испратило порака на своите пребегнати членови.
View this post on Instagram
На пример, Меган изјавила дека и е забрането да носи бои што ги носат „важни“ луѓе на јавни настани, по што неколку членови на семејството се појавиле на божиќната миса во палта во иста нијанса како она на Кејт Мидлтон.
View this post on Instagram
Принцезата од Велс потоа отишла чекор понатаму – и сите се сигурни дека тоа била порака до Хари и неговата сопруга.
Имено, откако го видела кралот Чарлс, нејзиниот свекор, во Вестминстерската опатија, Кејт Мидлтон му пришла, срдечно го бакнала и нежно ја ставила нејзината рака на неговото рамо. Дури тогаш таа му се поклонила, првпат јавно откако таткото на принцот Вилијам стана крал.
View this post on Instagram
По Кејт, Чарлс ги бакнал и нејзиниот сопруг и децата а истото го направила и неговата сопруга кралицата Камила.
Како што пренесуваат британските медиуми, тоа не е случајно – Меган Маркл во својата документарна серија изјавила дека семејството на Хари е претерано формално и дека не се гушкаат и не изразуваат нежност еден кон друг.
Фото: Принтскрин/Instagram