(ВИДЕО+ФОТО) ИСПОВЕД НА МЛАД ТАТКО – „Кога нашиот син се роди, сопругата не можеше да поднесе што има Даунов синдром. Си замина а јас останав!“

„Во ниту еден момент не помислив да го напуштам мојот син, тоа би било навистина нехумано. Со сопругата наскоро се разделивме, и започнав нов живот како самохран татко на ‘сончево’ дете“, вели тој
Евгениј Анисимов (33) од Русија не можел да замисли да го остави своето дете во сиропиталиште како што сугерирала неговата сопруга. Малиот Миша е роден со Даунов синдром, а неговата мајка не можела да се справи со тоа и ги напуштила. Евгениј решил да го одгледа момчето сам.
Овој млад татко решил да ја сподели својата приказна со јавноста за да му покаже на светот колку се прекрасни децата со оваа дијагноза, но и да ги мотивира другите родители никогаш да не се предаваат туку да соберат храброст и да се соочат со предизвиците, особено кога нивните деца се во прашање.


View this post on Instagram

С некоторым опозданием спешу поделиться нашим с Мишей первым праздником: Днем рождения! 28 августа нам исполнился один годик! Несмотря на ветренную погоду праздник удался!! Первая фотосессия сменилась первым походом в кафе!!! Т.к. в меню не было молочка, Мишка светской беседе предпочел крепкий сон 🙂 Друзья! Снова выражаю Вам свою и Мишкину благодарность!!! Спасибо!!! Спасибо @prekrasnovamariika за замечательного зайчика/кролика (мне кажется, они с племяшкой до сих пор спорили бы, кто это!) из @stranaulybokpm !! Спасибо друзья!! Огромное спасибо фотографу: @inna_ostaali_photo ! Для меня до сих пор загадка, как можно оставаться позитивной и жизнерадостной с таким тревожным папой, как я, и неожиданно-капризным Мишей:) Спасибо!!! Венец благодарственных слов хочется произнести в адрес @moya_krovinushka! Елена и Татьяна Константиновна! Спасибо Вам большое за поддержку!!


A post shared by Евгений Анисимов (@evgen_tyz) on


Децата со Даунов синдром имаат прекрасна, весела и оптимистичка личност, поради што се нарекуваат и деца на Сонцето. Ако пораснат во здраво и среќно семејство, ги имаат сите шанси за нормален живот. Евгениј смета дека образованието е исклучително важно затоа што незнаењето доведува до страв и предрасуди, но исто така и до драстични потези на неговата сега веќе поранешна сопруга кога таа ги напуштила.

View this post on Instagram

Итак, первая прогулка с сыном. Волнение, гордость и радость — вот эти три эмоции, которые были моими спутниками в этот вечер. Михаил вел себя достойно.. ну как достойно? Он сразу же уснул 🙂 С прогулки я вернулся с чувством ликования, а сынок .. он до сих пор спит (по крайней мере на момент публикации поста) 🙂 По-моему, после пробуждения смена пейзажа у него вызовет чувство удивления 🙂

A post shared by Евгений Анисимов (@evgen_tyz) on

„Моментот на среќа по неговото раѓање траеше точно една минута и 39. секунди кога докторот ни рече: ‘Се плашам дека вашето бебе има Даунов синдром’. Не знаев што да направам, но чувствував дека мојата задача во тој момент беше да ги исклучам емоциите и да ја поддржувам сопругата затоа што верував дека ќе и биде тешко“, се присетил тој и додал дека чекале потврда за дијагнозата неколку дена.
Колку и да одбрал да биде силен, емоциите го совладале. Излегол од болницата и плачел.
„Не плачев долго време, но подоцна тие солзи ме посрамотија. Во мојот живот, на крајот на краиштата, ништо не се смени. Сè се случи како што планиравме, се роди мојот син“, продолжил тој.

Истата вечер, тој седнал покрај компјутерот и научил многу за оваа дијагноза и децата кои имаат Даунов синдром.
„Не знаев ништо за дијагнозата на мојот син. Се сетив само на ужасната фотографија од еден советски учебник по биологија. Влегов на Интернет и истражував. Дознав за Евелина Бледанс и нејзиниот Семјон, кој е роден во исто породилно одделение со Мишка. Научив дека во Европа, луѓето со Даунов синдром добро се социјализирани, можат да живеат и да работат самостојно“, вели овој храбар татко.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …