(ВИДЕО+ФОТО) ХИТ НА ИНТЕРНЕТ – КОЈ ПОСЛЕДЕН ЌЕ ЈА ТРГНЕ РАКАТА ОД МИЛИОН ДОЛАРИ ГИ НОСИ ДОМА: Предизвик кој за два дена го погледнале 18. милиони лица – еве и зошто!

Една од најпопуларните луѓе на YouTube во светот, MrBeast, објавил предизвик кој го виделе скоро 18 милиони луѓе за само два дена. Причината е што победникот на овој необичен предизвик освоил 1.000.000 американски долари.
Четворицата натпреварувачи, кои победиле во претходните предизвици на популарниот„ЈуТјубер“, го обезбедиле своето место во големото финале.
„Не ми е грижа дали ќе трае еден ден, недела, месец или година“, изјавил MrBeast на почетокот на предизвикот. „Последниот кој ќе ја тргне раката од милион долари може да ги задржи“.


Марк, Џорџ, Омар и Акира 36. часа се натпреварувале за овој огромен износ, што некои признаа дека никогаш не го виделе во животот.
„Како станавте милионер? Ја држев раката на еден милион долари некое време“, се шегувале некои со честитки до Марк, кој издржал најдолго и бил победник.


Патем, MrBeast, чие вистинско име е Џими Доналдсон, има само 21 година,но има повеќе од 27,4 милиони луѓе кои го следат на YouTube. Тој е една од најгледаните Јутјубери во 2019 година, и привлекува големо внимание преку својата филантропска работа.
Минатата година, светот говорел за него кога нарачал само чаша вода а на келнерката и оставил бакшиш од повеќе од 10.000 американски долари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …