(ВИДЕО+ФОТО) Хари и Меган во палатата, Елизабета на балкон, Луис ѕвезда на денот!

Денес, кралицата Елизабета одбележува цели седум децении владеење како првиот британски монарх кој поминал толку долго на тронот. Платинестиот јубилеј на кралицата е обележан со низа настани и свечености кои почнуваат денес и траат до недела.
Се очекува милиони луѓе ширум Британија и светот да се приклучат на прославите во чест на 96-годишната кралица, соопшти британската влада.
Одбележувањето на јубилејот започнува со воена парада во центарот на Лондон, а потоа кралицата од балконот на Бакингемската палата ќе поздрави 1.500 војници и офицери.
Свеченостите по повод јубилејот на кралицата ќе траат до 5. јуни.


И Хари е тука
Иако беше логично да се најде и тој таму, со оглед на тоа што мрежите беа преплавени со фотографија на Меган Маркл од Бакингемската палата, конечно стигна потврда. Иако не беа со останатите членови на семејството на балконот, сепак двајцата дојдоа да ја увеличат двојната прослава на Елизабета. На прославата не беше виден само принцот Ендру, кој се соочува со тешки обвиненија за силување и педофилија. Сепак, церемонијата штотуку започнала, па нема да биде чудно доколку тој се појави и меѓу кралското семејство.


Потврдено: Меган е во Лондон, присуствува на прославата
Се уште не се знае дали пристигнала во друштво на својот сопруг. Сепак, за разлика од Кејт и децата, Меган не и се придружи на кралицата на балконот на Бакингемската палата.

Честитки до британската кралица од Џил и Џо Бајден

Лет за паметење 70

Ѕвездата е родена
Најмалото дете на Кејт и Вилијам, принцот Луис, и го украл шоуто на прабабата Елизабета, доживувајќи типична детска хистерија на балконот на Бакингемската палата. Малиот Луис си ги покрил ушите со раце, очигледно не сакајќи да слушне што му зборуваат и почнал да плаче и да вреска. Никој од присутните не можел да го замолчи, иако се труделе.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ханами – промо настан за Сакура фестивал

Денес во барот Кантина, со почеток во 17:00 часот ќе имате можност да запознаете некои …