(ВИДЕО+ФОТО) ГОЛЕМО АРХЕОЛОШКО ОТКРИТИЕ – Копачи на злато во Канада откопале совршено сочуван труп на мамут стар над 30.000 години

Рударите во златните полиња Клондајк на далечниот север на Канада дошле до ретко откритие кога, копајќи по злато, пронашле речиси совршено сочувани мумифицирани остатоци од младенче на волнен мамут.
Членовите на локалниот тим на младенчето му го дале името Нун чо га, што значи „големо бебе животно“.
Палеонтологот Грант Зазула во изјавата во саботата рекол дека младенчето, кое ги задржало кожата и крзното, е „прекрасно и едно од најневеројатните мумифицирани животни од ледената доба откриени во светот“.

„Возбуден сум што повеќе ќе ја запознаам“, рекол тој.
Остатоците од младенче мамут беа откриени на 21. јуни за време на ископувањата низ вечниот мраз јужно од Досон Сити на канадската територија Јукон, која граничи со американската држава Алјаска.


Се верува дека животното е женско и би умрело за време на леденото доба, пред повеќе од 30.000 години кога волнените мамути талкале низ регионот заедно со диви коњи, пештерски лавови и огромни степски бизони.
Зазула за CBC изјавила дека Нун Чо веројатно имала околу еден месец кога починала, најверојатно откако се заглавила во калта.
Ова откритие го означува првиот речиси целосен и најдобро зачуван мумифициран волнен мамут пронајден во Северна Америка.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 15.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој работен ден за повеќето Овни треба да помине без поголеми пречки и …