Што и да облече, неа и стои совршено. Без разлика дали носи атрактивен фустан за свечени прилики или минијатурно бикини, Алесандра Амбросио едноставно секогаш привлекува внимание.
View this post on Instagram
Летото започна, а манекенката Алесандра Амбросио веќе покажа дел од костимите за капење кои ќе бидат хит оваа сезона. Сино жолто бикини со длабок струк, или едноделен костим за капење, оваа природна убавица секогаш ќе биде во тренд. Дизајните и моделите на костими за капење кои таа ги носи станаа популарни меѓу јавните личности, а погледнете како манекенката гордо ги покажува.
Инаку, Алесандра Амбросио е една од најубавите манекенки на денешницата. Нејзиното витко тело и долги нозе красат многу светски магазини, но и насловни страници на престижни списанија. Таа беше заштитно лице и на „Викторија сикрет“, а кога не чекори по модните писти, често можете да ја најдете на одбојкарските терени или во теретана во Санта Моника, каде ја одржува својата завидна фигура.
Фото: Принтскрин/Instagram