(ВИДЕО+ФОТО) Драматично сведоштво на Благоја Грујовски за борбата со Ковид-19:„Ја научив лекцијата за вирусот корона на потешкиот начин!“

Благоја Грујовски е еден од најпопуларните фолк пејачи во Македонија и изведувач кој ужива во симпатиите и’ на публиката и’ на неговите колеги. Веселиот дух и редовната насмевка се негов заштитен знак, и секој го препознава по неговата срдечност и шега.
Сепак, изминатите денови не биле лесни за овој весел човек со позитивна енергија кој се соочувал со тешки симптоматологија на корона инфекција и заедно со лекарите се борел за живот. Неговата здравствена состојба била критична, а пејачот бил хоспитализиран.


За среќа, болничкото лекување ги дало очекуваните резултати, Благоја се опоравил и сега е дома меѓу најмилите. Сакајќи да откриеме како се чувствува и какво искуство има, контактиравме со пејачот кој, како и секогаш, многу професионално ни излезе во пресрет и искрено ни раскажа за голготата со која се соочил.



„Да, веќе сум дома и се чувствувам многу подобро. Следува период на зајакнување и враќање во форма.
Првиот симптом беше болка во телото, а потоа треска. Како и мнозинството здрави луѓе, јас бев убеден дека вирусот не може да стори ништо кај мене, што е голема заблуда. Додека членовите на моето семејство поминаа со благи симптоми, мајка ми (82) скоро никакви, јас ја минав најголемата голгота во мојот живот. Престојував во два ковид центри (кратко во „8 септември“) и ‘Аџибадем Систина’ и немам зборови да изразам благодарност и пофалби за луѓето што се борат за секој пациент – секој ден. Јас сум особено благодарен на д-р Патриша Каламарас и на целиот тим во одделот на ‘Систина’ каде ме одведоа во многу тешка ситуација. Секако дека ковид 19 влијае на психата на секој пациент, особено кај мал процент во кој бев таму каде што животот е загрозен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …