(ВИДЕО) 30 години „Силви бенд“: „Влатко ме сака и покрај предрасудите за нашиот брак”

За односот со свекрвата денес, за навредите што ги трпела како дете, но и за советите од мајка си како да се издигне над ситуацијата, Силви зборува со многу емоции. Тука се и муабетите за ќерката Деа, за ромските корени, првите живи свирки во Скопје, како за тоа како им е кога ќе се скараат на минута пред настап…

Влатко и Силви Плевнеш на музичката сцена се 30 години. Познатиот „Силви бенд” летово ќе го одбележи јубилејот со концерт на Долни Сарај во Охрид.
Таму првпат пред публика ќе ја испеат „Ја излези стара мајко на пенџерето”, песна за која Влатко е емотивно врзан бидејќи раскажува приказна за девојка што во турско време живеела во неговата семејна куќа во Охрид.


„Песната има интересна историја, поврзана лично со моето семејство, а собата што се споменува, од каде што девојката го гледала Осман-бег како оди по калдрмата, е истата онаа соба каде што спиеме со Силви кога одиме кај моите во Охрид”, раскажал Влатко.


Приказни имаат многу. Но, малкумина знаат дека пред да почнат да пеат заедно, Силви и Влатко биле две години во врска. Во тоа време Влатко свирел во групата „Тао” со најголемите ју-ѕвезди, Здравко Чолиќ, Вајта…, а Силви секаде патувала со него.

„Тоа време, кога одевме на турнеи низ Југославија, за мене е едно од најубавите во животот. Со Влатко уживавме и во патувањата и во љубовта”, се сеќава Силви. Таа открива дека се запознале на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Таа дошла на студии од Ниш, а тој бил втора година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …