(ВИДЕО+ФОТО) ДОНЕСУВА МНОГУ АКЦИЈА – Погледнете го вториот трејлер за филмот „Fast X“: Брзи автомобили и експлозии

Филмот „Fast X“ се очекува во кината во средината на мај како десеттиот дел од франшизата „Fast and Furious“, а сега е објавен и вториот трејлер по првиот што го видовме во февруари.

View this post on Instagram

A post shared by Fast Family (@fastfamily)



Вториот трејлер покажува многу, брзи автомобили, експлозии и познати херои. Десеттиот филм е во режија на Луис Летериер, додека неговиот претходник Џастин Лин е меѓу продуцентите заедно со Нил Х. Мориц, Вин Дизел, Џеф Киршенбаум и Саманта Винсент. Во новиот трејлер се појавуваат актерите Мишел Родригез, Тајрис Гибсон, Крис „Лудакрис“ Бриџис, Натали Емануел, Џордана Брустер, Сунг Канг, Џејсон Статам, Џон Сина и Скот Иствуд. Сепак, има и нови актери кои учествуваа во снимањето на „Брзи икс“, а тоа се Бри Ларсон, Алан Рихтсон, Даниела Мелкиор и легендарната Рита Морено, која ја игра мајката на Доминик и Миа.


На трејлерот се прикажани голем број модерни европски и азиски автомобили со врвни перформанси, американскиот Dodge е очекувано неизбежен, а има и експлозија, од која едната разнесува половина Ватикан.

View this post on Instagram

A post shared by SF Cinema (@welove_sf)



Накратко, филмот раскажува приказна во која Џејсон Момоа, играјќи го Данте, е во потера по Доминик Торето (Вин Дизел). Данте сака да му го уништи семејството бидејќи сака да му се одмазди за својот татко Хернан Рејес кој бил „среден“ од тимот на Торето во филмот „Брзи пет“. Данте бил сведок на тоа и поминал 12 години планирајќи ја својата одмазда.
Филмот пристигнува во кината на 19 мај.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …