(ВИДЕО+ФОТО) Доделени наградите: Најдобар филм во Кан е „Анатомија на падот“

Златната палма на 76. Кански филмски фестивал ја доби филмот „Анатомија на падот“ на француската режисерка Жастин Триет.
Во тој филм, како и во исто така наградениот филм „Зона на интерес“, главната улога ја има Германката Сандра Хилер.
Златната палма на 76. Кански филмски фестивал ја освои филмот „L’ anatomie d’une chute“ (Анатомија на падот), напната судска драма за писателка обвинета за убиство на нејзиниот сопруг. Двојката има слепо момче кое наводно било надвор од куќата во моментот на убиството. Драмата не се фокусира премногу на решавање на злосторството, туку се занимава со границата помеѓу фикцијата и реалноста и распадот на бракот.


Режисер е Французинката Жустин Триет, а филмот го носи силната изведба на германската актерка Сандра Хилер, позната на пошироката публика по улогата во филмот „Тони Ердман“. Во овој филм, клучната улога ја игра бордер коли во улогата на Месија – кучето што ја доби наградата Palm Dog еден ден претходно.
Триет е само третата жена која ја освоила главната награда на Канскиот филмски фестивал. Наградата и ја врачи холивудската легенда Џејн Фонда, а во таа прилика се присети на првиот пат кога дошла во Кан во 1963 година: „Тогаш немаше жени режисерки кои се натпреваруваа и не ни падна на памет да помислиме дека е погрешно. Изминавме долг пат. За прв пат се натпреваруваа седум режисерки. Тоа е историско“.

View this post on Instagram

A post shared by Festival de Cannes (@festivaldecannes)



Откако им се заблагодари на актерите и на остатокот од филмскиот тим, режисерката Џастин Триет ја критикуваше владата на претседателот Емануел Макрон за „шокантна репресија и негирање“ на протестите против реформата на пензискиот систем: „Оваа шема на владата станува се’ порелаксирана во практикување на нејзината моќ“.

Таа, исто така, ја критикуваше културната политика: „Комерцијализацијата на културата поддржана од оваа неолиберална влада е во процес на поткопување на културната исклучителност на Франција, без која јас не би била овде денес“.


Големата награда на жирито, втората најзначајна награда на фестивалот, годинава му беше доделена на иконскиот британски режисер Џонатан Глејзер за филмот на германски јазик „Зона на интерес“. Во еден од најшокантните филмови на овогодинешното натпреварување исто така глуми и Сандра Хилер.


Филмот дава уникатен и застрашувачки поглед на приватниот живот на нацистичко семејство во концентрациониот логор Аушвиц. Првиот филм на Глејзер по 10 години никогаш директно не ги прикажува ужасите на кампот, туку ги имплицира со вознемирувачки звуци во позадина и визуелни детали. Хилер на застрашувачки начин ја прикажува сопругата на нацистичкиот командант, среќно се грижи за нејзината градина и се фали дека таа е „кралицата на Аушвиц“.
Глејзер му се заблагодари на Мартин Амис, британскиот романсиер чие дело делумно го инспирирало филмот, кој почина една недела по премиерата на филмот.
Третото место и наградата на жирито му припаднаа на Аки Каурисмаки за неговиот сладок, мрачен и многу фински филм „Паднати лисја“, кој предизвика бурни овации кај посетителите на фестивалот.


Наградата за најдобар режисер му припадна на Французинот Тран Ан Хунг за филмот „La Passion de Dodin Bouffant“ (Страста на Додин Буфан), наречен уште и „The Pot-au-Feu“. Тоа е одлична ода за француската кујна, филм кој го обожаваат многу меѓународни критичари, но не им се допаѓа на многу локални критичари. Режисерот ја пофали својата ѕвезда Жилиет Бинош, велејќи дека е „исклучителна во филмот“.


Јуџи Сакамото е награден за најдобро сценарио за филмот „Монструм“ во режија на Хироказу Кореда.


Најдобар актер е Јапонецот Коџи Јакушо во филмот „Совршени денови“, кој му се заблагодари на својот германски режисер Вим Вендерс за создавањето на „прекрасен лик“ со својата трогателна приказна за чистач на тоалети од Токио со сложено минато.


Изборот за најдобра актерка е изненадување – тоа е Турчинката Мерва Диздар во филмот „За сувите треви“, најновиот филм на претходниот добитник на Златната палма, Нури Билге Чејлан. Диздар рекла дека толкува „некој кој се бори за својот живот и кој надминал многу тешкотии. Живеам во дел од земјата што ми овозможи целосно да разберам која е жената што ја играм“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …