(ВИДЕО) Вознемирувачка снимка: Случајно допрел далновод и имал среќа да преживее

Поради мала грешка доживеал струен удар кој ги шокирал минувачите.
Турските медиуми објавија шокантна снимка од надзорна камера на железничка станица каде чистач го миел предното стакло на возот кога во еден момент зел метална шипка и случајно допрел електричен вод.
Струјата го парализирала на лице место и бил однесен во болница, но чудо е што дури и успеал да преживее таков удар. Синдикатот на машиновозачите и транспортните работници потенцирал дека ваквото одржување на возовите е незаконско бидејќи пред одржувањето возовите мора да бидат на посебни шини кои не спроведуваат струја, од причини кои сега на сите им се јасни.
Во соопштението пишуваат дека вработените кои работат на одржување на возовите се недоволно платени, дека не се води сметка за нивната безбедност и дека не поминуваат доволно обука која би ги спасила од вакви несреќи на работното место. Во продолжение можете да ја погледнете шокантната снимка од несреќата.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на грчкиот бенд „The Bonnie Nettles“ во Агора

Вечерва со почеток во 21:30 часот, во кафе барот Агора во Куманово, ќе се одржи …