Инспиративни цитати од легендарната Тина Тарнер: Нејзиниот живот го одбележаа големи трагедии, но и покрај се таа ја задржа насмевката на лицето до самиот крај

„Луѓето мислат дека мојот живот беше тежок, но мислам дека тоа беше прекрасно патување“
Тина Тарнер, легендарната соул и рокенрол пејачка позната по хитовите како „Proud Mary“, „What’s Love Got To Do With It“, „The Best“ и „Private Dancer“, почина на 83-годишна возраст. Нејзиниот уникатен глас, сценски настап и изглед ги надминаа приказните за нејзиниот турбулентен приватен живот, а веќе во 40-те години стана еден од најпродаваните изведувачи на сите времиња. Таа беше пример и идол за ѕвездите кои се родија децении подоцна: Бијонсе, Ријана, Кети Пери…

Подолу се 10-те најинспиративни цитати на Тина Тарнер.


1. Верувам дека ако само станете и тргнете, животот ќе ви се отвори.
2. Ако не сте задоволни од било што – мајка, татко, сопруг, сопруга, работа, шеф, автомобил – што и да ве мачи, ослободете се од тоа. Затоа што ќе откриете дека кога сте слободни, вашата вистинска креативност, вашето вистинско Јас излегува на виделина.
3. Се’ направив сама. Отсекогаш сакав да бидам подобар човек, бидејќи не бев образована. Но, тоа беше мојот сон – да имам класа.
4. Немав никој, навистина, основа во животот, па морав да одам по својот пат. Секогаш, од почеток. Морав да одам во светот и да станам силна, да ја откријам мојата животна мисија.
5 Мојата најголема тајна за убавина е тоа што сум среќна со себе. Не користам специјални креми или третмани. Погрешно е да мислите дека сте тоа што го ставате на себе. Верувам дека како изгледате зависи од тоа како се чувствувате во врска со себе и за вашиот живот. Среќата е најголемата тајна на убавината.
6. Моето наследство е тоа што останав на мојот пат… од почеток до крај, затоа што верував во нешто во мене.
7. Луѓето мислат дека мојот живот беше тежок, но мислам дека тоа беше прекрасно патување. Колку повеќе стареете, толку повеќе сфаќате дека не е важно тоа што ви се случува, туку како се справувате со тоа.
8. Сакам да знам која е суштинската разлика помеѓу маж и жена.
9. Кариерата секогаш ме оддалечуваше од дома, секогаш бев отсутна и само сакав да бидам дома.
10. Никогаш не реков: немам ова и го немам она. Реков: Ова сè уште го немам, но ќе го имам.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

,,Гласна тишина” – самостојна изложба на младата визуелена уметница Мартина Спасовска

Вечерва со почеток од 20:00 часот во фоајето на Центарот за Култура Трајко Прокопиев во …