(ВИДЕО+ФОТО) ДОБРИТЕ ЛУЃЕ ИМААТ ПРИЈАТЕЛИ ВО ЦЕЛ СВЕТ: Обожавателка од Полска на гробот на Оливер Драгојевиќ оставила гравирана плоча со неговиот лик!

На една година од смртта на балканската легенда Оливер Драгојевиќ, новинарка од „Ин магазин“ на НОВАТВ разговараше со неговата сопруга Весна,што беше нејзи9нот прво интервју после смртта на пејачот кој имаше пријатели и обожаватели во цел свет…
Весна Драгојевиќ, сопругата на Оливер откри како го поминала животот со пејачот, на една година по неговата смрт. Таа во тажното видео откри и еден детаљ поврзан со годишнината од неговата смрт.
Имено на неговиот гроб пронашла гравирана плоча со неговиот лик која го направила и донела некоја девојка од Полска која му напишала и посвета.

Весна во целото интервју кое го даде за „Ин Магазин“ на НОВАТВ за прв пат по неговата смрт раскажала и дека се чувствува како да не умрел се уште
„Јас се уште не чувствувам дека тој е починат, ете така се чувствувам, еве бев горе на гробот и како да сум била кај некој роднина на гробишта, можеби мозокот не ми дава да ми влезе во глава дека е починат. Јас целиот стан дома го реновирав и не можам сега да живеам од некои спомени и да ги гледам тие предмети што ме потсетуваат на него.Целата негова соба ја реновирав и сите работи ги спакував во кутии за во музејот, додека неговите алишта мижеечки ги ставав за да не го гледам…тешко е да се разделите со некој со кого сте го минале цел живот“, вели неговата сопруга.

Таа додаде дека еден месец по неговата смрт дошло на свет нивното шесто внуче, а сето тоа тој го знаел и бил свесен за тоа.
„Знаеше и како ќе се вика, но не успеа да го види“, вели Весна.

Vesna Dragojević


I godinu dana nakon što je zauvijek otišao, Vesna Dragojević još uvijek ne može vjerovati da njezina supruga više nema. ❤ Povjerila nam je neke detalje iz njihova bogatog života, među ostalim i kako je proveo svoje posljednje dane te što bi radio da je danas ovdje. 🙂

Gepostet von IN MAGAZIN am Dienstag, 30. Juli 2019


Весна Драгојевиќ на прашањето дали разговарале за концертите, како ги доживувал…рече:
„Си доаѓа дома и јас го прашувам како беше концертот во смисла да ми каже како тој го доживеал колку е задоволен од себе..а тој ми одговара – ‘Ама како свиреше Матија…да го слушнеше само како свиреше (Матија Дедиќ, пијанист, заб.., на авт.)Таков беше Оливер. Секогаш мислеше на другите. Им се воодушевуваше на свирачите, баш им се восхитуваше“, со мирен и сталожен глас и насолзени очи рече Весна Драгојевиќ.
Извор: новатв.хр
Фото: Принтскрин

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …