Временска прогноза за наредните денови: Што „страшно“ не очекува од утре?

УХМР од понеделник најави сончево време со повторен пораст на температурата.
По утрешниот ден со максимални 34 степени, следува зголемување на температурата до 39 степени, особено кон крајот на неделата. УВ индексот повторно ќе биде 9.
Повисоки температури ќе има од средината на работната недела кога и облачноста краткотрајно ќе се зголемува. Особено топло ќе биде на југоистокот.
Температурите ќе се движат од минимални 11 до 34 степени, во вторник од 10 до 36, а од среда до петок од 12 до 39 степени.
Топол африкански бран се очекува да ја погоди Македонија, но ќе биде со помал интензитет.


Исто така се очекува повторно локална нестабилност и тоа особено на север и на исток од државава каде се можни и нешто поинтензивни атмосферски процеси. Според најновите анализи некаде од 10-ти август Македонија би можела да биде зафатена од најсилниот топол бран ова лето кога во централните и во југоисточните предели максималните дневни температури би се искачиле дури и до околу 43 – 44 степени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …