(ВИДЕО+ФОТО) Девојка чие лице го растргнале кучиња ги покажала резултатите од масовните операции: „Мислев дека мојот живот е завршен!“

Во 2021 година, Џакелин Дуран од Тексас била изгризена во лицето од две кучиња од засолништето кое требалоо да го чува.
Џакелин, која во моментот на немилиот настан имала 21 година, открила дека добро се сложувала со кучињата, мешавина од питбули и германски овчари, додека тие наеднаш не станале агресивни и не ја нападнале два дена пред Божиќ.
Кучињата ја грабнале несреќната девојка и ја одвлекле во куќата, при што целосно и ги уништиле носот, ушите, усните и образите.

Поминала 37 минути чиста агонија пред да дојде полицијата. Се сеќава дека кучињата не ги пуштиле спасувачите да влезат во куќата. Докторот конечно успеал да влезе и да ја извлече. Веднаш била пренесена во болница, каде било констатирано дека изгубила дури третина од крвта.



По инцидентот, сопствениците на кучињата објавиле:
„Срцето ни е скршено од немилиот настан. Знаеме дека е сериозно повредена и ние сме крајно вознемирени поради тоа низ што поминува таа и нејзиното семејство“.
Во неодамнешната објава на Инстаграм, Џакелин се заблагодарила на медицинскиот и итниот персонал кој и помогнал по нападот на кучињата. Попатно го покажала и резултатот од нејзините реконструктивни операции.



„Пред една година на денешен ден ја напуштив болницата по долги 60 дена операции и опоравување. Денот кога мислев дека мојот живот е завршен, никогаш не помислив дека ќе стигнам толку далеку. Не знаев дека за 365 дена ќе се вратам на училиште и ќе почнам на пракса! Не ми се верува дека сум овде денес и можам да зборувам каде сум сега и каде бев пред една година. Ви благодариме на сите за поддршката“, се вели во објавата, а пренесува Nypost.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …