Колач за викенд…
Состојки:
2 јајца
80 гр шеќер
200 гр чоколадо
50 гр путер
100 гр ореви
2 листа, поголеми, обланда
Глазура:
100 гр чоколадо
коцка путер
малку масло
Подготовка:
Изматете ги жолчките со шеќерот, па ставете ги на пареа да се згуснат, додадете чоколадо и мелени ореви кон крајот.
Изладете и измешајте со изматениот путер. Омекнете ги обландите меѓу две влажни крпи, а потоа исечете ги на средина. Премачкајте со филер и завиткајте во ролна.
Завиткајте во фолија и ставете го во фрижидер на неколку часа. Изладени, исечете на еднаква должини и натопете ги краевите во растопено чоколадо.
Кога ќе се стегнат можете да ги послужите.
Фото: Скриншот