Позната е и почетната цена…
А таа изнесува 9999 евра за овој минијатурен автомобил на ниво на скоро двојно поскап Smart. Сепак, овој автомобил нуди четири седишта и електричен досег од 200 км. Неговото име е Dartz, односно Dartz FreZe Nikrob..
Овој автомобил ги споделува основите со кинескиот Wuling Mini-EV, кој се продава во Кина за околу 3.700 евра. Европската минијатура нема многу да се разликува во стилот, но ќе понуди голем број опции за прилагодување. Така ќе можете да земете автомобил без задни седишта, а исто така ќе можете да изберете кожен тапацир, но направен на растителна основа. Имено, оваа ткаенина ја нуди бразилската компанија Nova Kaeru, а направена е од лисјата на растението слоново уво (Alocasia macrorhiza).
Исто така, автомобилот добил нови LED светла, а се разгледуваат и безбедносните елементи како што се воздушни перничиња и ESP. Заменувајќи ги халогени светла со LED диоди и модификации на електрониката, тие успеале да го зголемат досегот од „кинеските“ 170 на 200 километри, потврдил лично директорот на Dartz за Carscoops.Електричниот погон е со сила од околу 30КС, а батериите се со капацитет од 13.8 kWh.
Фото: Dartz