(ВИДЕО+ФОТО) Баба (98) била заробена во поплавена куќа, спасена е со помош на Фејсбук

Благодарение на социјалните мрежи спасен е животот на 98-годишна баба од Кентаки чиј дом бил целосно уништен во поплава со епски размери.
Г-ѓа Амбурги се обидела да повика помош, но никој не одговорил, изјавила нејзината внука Миси Кровети.
Како што се гледа на сликата, бабата седела во спалната соба која речиси целосно била покриена со вода, додека работите пливале околу неа.


Од очај, Миси се обратила на Фејсбук и објавила застрашувачка слика со надеж дека некој со брод ќе им помогне на Ме и нејзиниот син Лери.
Набрзо се појавила екипа, а и тогаш водата на сите им била до врат. Ме и Лери морале да искршат еден прозорец и да испливаат од куќата, по што ги пречекале во чамци.
Баба Ме е пренесена во болница, а соопштено е дека се чувствува добро и дека е „решена да си оди дома“. Лери голтнал вода и бил на вентилатор 15. часа, но неговата состојба се подобрува.
Како што навела Миси, двајцата не се евакуирале порано бидејќи нивната куќа никогаш порано не била поплавена повеќе од подрумот, поради што верувале дека тоа не може да им се случи.


Меѓутоа, водата дошла толку брзо што едвај излегле живи.
Куќата е во целосен хаос, а како и многу други во околината, бабата не била осигурана од поплави. Секоја помош ќе биде добредојдена – рекла Миси, која започнала кампања на платформата „GoFundMe“.
Бројот на загинати од поплавите предизвикани од врнежите од „епски размери“ во источниот дел на Кентаки се искачи на најмалку 25., а бројни домови и патишта се под вода, соопштиле локалните власти и предупредиле дека бројот на жртвите, според сите извештаи, не е конечен.

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …