(ВИДЕО+ФОТО) Анџелина Џоли се опуштила на концертот на „Манескин“ – „кул мајката“ го украла шоуто

Анџелина Џоли (47) и нејзината ќерка Шајло Џоли-Пит (16) викендот го поминале дружејќи се на концертот на евровизиските победници „Манескин“ во римскиот „Циркус Максимус“ каде според организаторите се собрале 70.000 луѓе.
Анџелина пристигна во Италија на снимањето на филмот „Without Blood“, чиј режисер, сценарист и продуцент е Џоли. Сценариото е работено според книгата „Без крви“ на италијанскиот писател Алесандро Барик, а главните улоги ги толкуваат Селма Хајек и Демјан Бичир.

This image has an empty alt attribute; its file name is angelina-na-koncert.jpg
Шајло и нејзината мајка одлично се забавувале со хитовите на атрактивниот Дамијан Давид и тимот на нивното големо домашно шоу. Сега, имено, започнува првата светска турнеја на тој бенд, кој одлично ја искористи победата на европскиот музички натпревар и стана широко популарен.


Шајло, изгледа, одлично го познава опусот на „Манескин“ бидејќи на многу фотографии изгледа како и таа самата да пее заедно со нив, додека мајката задоволно се насмевнувала и плескала со рацете.
Русокосата Шајло неодамна ги покажа своите танцувачки способности во видео од студио за танц во Лос Анџелес, а често се појавува со Анџелина на црвените килими. Мајката и ќерката избрале црна облека за концертот на „Манескин“, а судејќи по видеата кои се појавија на мрежите и двете уживале во музиката.
Обожавателите коментираа дека Анџелина е „кул мајка“ и дефинитивно, освен фронтменот на бендот Дамијан, го окупираше вниманието на публиката која беше во близина на холивудската ѕвезда.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …