(ВИДЕО+ФОТО) „Ај Кју“ не напуштија:Нивната нова дестинација е Лондон – Успешен старт со „Танцување“!

По завршувањето на „Песна на Евровизија“ мистериозно ги снема. Едноставно изчезнаа а сега се јавуваат од престолнината на европската музика – Лондон, и тоа со нова песна и спот…
За „Ај Кју“ започнува ново поглавје, нови предизвици, но и нови шанси и можности а ние им ја посакуваме сета среќа…за упорноста и одважноста во верувањето во својата музика.


View this post on Instagram

Dancin’ is OUT everywhere! Link in bio


A post shared by Eye Cue (@eyecueofficial) on


Бендот кој што го држи рекордот за најслушана песна од македонски изведувач на Спотифај, евровизиската „Lost and faund“, која воедно во февруари и март 2018 година беше помеѓу највртените 10. евровизиски песни на Јутјуб, реши да се вгнезди помеѓу својата најбројна фан-база од Европа, во Велика Британија, Лондон.

22. март ја означува музичката пролет за „Ај Кју“, на свет дојде заводливата „Dancin“, а тие настапуваат на однапред распродадено шоу во „Ројал воксал таверн“ во центарот на Лондон.

За оваа песна која ја напиша Бојан, снимен е и спот во кој Марија суптилно заведува со својот претпознатлив сензуален танц. Она меко движење кое ја внесува во филм и ја отсликува атмосферата.

Спотот е снимен во филмско студио во Лондон од тим на професионалци водени од режисерот Џејмс Галант, кој одлично ги вклопил Бојан и Марија да пливаат во една лежерна и мистична атмосфера во боите на кавер артот од песната, и да се заокружи целото доживување каде гитарата и пеењето говорат на јазикот на страста.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …