(ВИДЕО) Зоран Стефаноски го претстави својот трет музички проект

И официјално, Зоран Стефаноски го објави својот трет музички проект.

Досега има снимено два успешни проекти за кои секојдневно добива позитивни коментари, како од своите пријатели така и од музичките познавачи. Член е на авторските бендови Melissa и Vehementor и е сезонски тапанар и во охридскиот хардкор бенд Hardfaced.
„Ова е мојот трет музички проект насловен како ’Empire Of Slaves’. Исто така зад мене имам оставено уште два проекти насловени како ’The Beginning’ и ’Between Passion And Suffering’. Името е дојдено од тоа што сме реално една голема империја на робови. На моите песни свирам гитара, бас гитара и тапани. Член сум и на авторските бендови ’Melissa’ и ’Vehementor’ исто така сезонски
тапанар и во охридскиот хардкор бенд ’Hardfaced’. Имам снимено мои осум песни, па чекор по чекор ќе бидат официјално извадени во етер и ќе оди песна по песна со видео на овој начин. Ова го правам од љубов, музиката ми е се“, вели Зоран. Сите три проекти Зоран ги снимил со помош на своите пријатели, Славе Викторијоски е одговорен за видеото, а за аудиото Охриѓанецот Зоран Кречо.
И за крај Зоран порачува: „Живеј си го сонот и биди упорен, секогаш барај
начин да останеш мотивиран без разлика колку демотивација има околу тебе“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …