(ВИДЕО+ФОТО) Исповед на детето кое се спасило и гледало како земјотресот го уништува училиштето во Мексико Сити!


Луис Карлос не бил единствен кој имал среќа. Објавена била и снимка на која се гледа како најсреќните во последна секунда избегнале тешки повредени, а во најлош случај и смрт…

Хаотични сцени биле видени на местото каде се урнало трикатното училиште.
Малото момче од Мексико имало среќа и вели дека не знае како успеало да го преживее силниот земјотрес кој го потресол Мексико Сити и го урнал неговото училиште, во кое траеле часови.
“Бев на час по англиски јазик кога земјата почна да вибрира”, рекол Луис Карлос Томе, расплакан и видно потресен за Noticias Telemundo.
Луис Карлос гласно викнал дека земјата се тресе, бидејќи ниеден аларм не се вклучил, и сите брзо истрчале од училницата.


“Тогаш ја донесов најдобрата одлука во својот живот, не свртев лево каде што се урна се. Отидов десно со своите пријатели”.Луис рекол и дека кога тој и неговите пријатели трчале по скалите, виделе луѓе како паѓаат од истите.
“Имаше многу луѓе на скалите, но наеднаш веќе не ги гледав. Кога излегов, видов како училиштето се руши”.


Miraculous escapes amid Mexico earthquake devastation

Footage has emerged of miraculous escapes amidst the devastation of the Mexico earthquake.


Posted by Telegraph News on Mittwoch, 20. September 2017

Луис Карлос надвор со поглед ги барал своите пријатели од одделението и наставничката, но не ги пронашол. Сфатил дека тие можеби се веќе мртви во тој момент.
“Се’ се случи многу брзо, не ја видов наставничката. По околу 30. секунди училиштето се урна, не знам како се спасив”, ја завршува својата приказна расплаканото дете.
Под урнатините на училиштето во Мексико Сити, кое се урнало при земјотресот, се наоѓаат десетина лица, меѓу кои има најмногу деца по кои и натаму трагаат спасувачите и очајните родители.

Хаотични сцени биле видени на местото каде се урнало три катното училиште.
“Константно извлекуваат деца, но не знаеме што е со нашата ќерка”, рекла вчера 32.годишната Адријана Д’Фарго, која со часови чека вести за судбината на своето 7-годишно дете.
Луис Карлос не бил единствен кој имал среќа. Објавена била и снимка на која се гледа како најсреќните во последна секунда избегнале тешки повредени, а во најлош случај и смрт.

Видеото е сочинето од неколку снимки каде се гледа како зградата се руши, луѓето бегаат врискајќи, додека делови од објектот паѓаат на секаде.
Потсетуваме, во земјотресот со јачина од 7,1 степен според Рихтер, во Мексико загинале најмалку 240 луѓе.

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на сликовницата „Црното маче“

Денес, во Сули Ан, со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи промоцијата на уште …